Англија
Тен Хаг со еден збор го опиша Роналдо пред пристигнувањето во Јунајтед

Ерик Тен Хаг минатата седмица ја прослави новата титула како тренер на Ајакс, а денеска го одработи последниот меч како тренер на холандскиот великан и самостојно се одјави на завршната прес-конференција.
Ајакс ремизираше на гостувањето кај Витезе со 2:2 на натпреврот кој е последен за Тен Хаг како предводник на составот од Амстердам, по што најави дека од утре целиот негов фокус ќе биде Манчестер Јунајтед и новиот проект за кој се одлучи.
Холанѓанецот се очекува да направи огромни проблеми во играчкиот ростер во Јунајтед, но ако се суди според неговата денешна изјава, има големо мислење за Роналдо и најверојатно ќе смета на него за наредната сезона.
– Од утре, целиот мој фокус ќе биде насочен кон Манчестер Јунајтед и ќе гледам што е можно подлабоко да ги согледам работите кои ме чекаат.
– Деталната анализа допрва треба да започне, мора да почнам да работам со тимот, но сакам да бидам јасен. Во Јунајтед и во моментов има многу добри играчи. Тоа што треба да го направиме е да почнат да работат како тим, во кој има и гигант како што е Роналдо, – изјави Тен Хаг.
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Италијапред 24 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!