Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тен Хаг смета дека Јунајтед е сериозно оштетен: Не е само црвениот картон на Рашфорд, судијата донесе три тешки одлуки против нас (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед имаше добра игра и контрола 40 минути на гостувањето на „Паркен“ во Данска, па во тие моменти поблиску беше до трет гол, отколку до било каква неизвесност на теренот.

Гостите од „Олд Трафорд“ водеа со 0:2 со двата гола на Хојлунд и истиот играч имаше шанса и за трет гол, но кога се ближеше крајот на регуларниот дел од првото полувреме, се случи ситуација кога го смени целиот тек на мечот.

Во обид да ја загради топката, Рашфорд невнимателно стартуваше над противнички фудбалер, па иако во прв момент не беше покажан картон, ВАР прегледот го премисли главниот судија и овој извади црвен картон. Набрзо после ова, Јунајтед прими два гола и на полувреме се замина со 2:2, а во второто полувреме видовме уште три гола, од кои два во мрежата на Манчестер.

Тен Хаг дефинитивно не можеше да биде задоволен и покрај добрата претстава во првиот дел, а според него главен виновник за поразот е судијата кој донел три тешки одлуки против неговиот тим.

– Премногу сме разочарани после овој пораз, бидејќи не го заслуживме и бидејќи бевме многу добри со израмнети сили на теренот. Ги одигравме најдобрите почетни минути од стартот на сезоната, го добивавме мечот, а потоа црвениот картон промени се.

– Не е само црвениот картон, примивме два гола пред крајот на првиот дел, а и двата не требаше да важат. За првиот гол имаше офсајд, играч на Копенхаген беше пред Онана и му сметаше на видикот. Вториот гол беше пенал, се досуди пенал за рака која беше во природна позиција. Престрога беше и одлуката за црвениот, кога ќе ја замрзнете сликата, секогаш изгледа многу полошо од тоа што е. Тоа беа три тешки одлуки против нас. До тој момент го контролиравме мечот и никогаш немаше да дојде до ваков резултат ако не се свртеше се против нас, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни