Поврзете се со нас

Лига Европа

Тен Хаг смета дека Јунајтед е сериозно оштетен на „Камп Ноу“: Судиите не смеат да прават такви грешки (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг жестоко протестираше на средина на второто полувреме, односно непосредно откако судијата одлучи дека нема прекршок над Маркус Рашфорд во ситуација кога беше соборен на работ од шеснаесетникот.

Ова се случи при резултат 1:2 и станува збор за ситуација која можеше да го промени целиот тек на фантастичниот меч, но истата заврши само со јавна опомена за менаџерот на Јунајтед кој заработи жолт картон поради нервозните реакции.

Во продолжение, Барселона успеа да се врати и на крајот беше поблиску до трет гол, но сепак натпреварот заврши 2:2 и патникот во осминафиналето ќе се решава на „Олд Трафорд“.

– Ова беше извонреден натпревар, но за жал имаше силно влијаење од арбитражата. Да не отвораме дебати непотребно, тоа беше чист прекршок на Рашфорд.

– Може да дискутирате дали е надвор или внатре, но тоа беше чист прекршок и тоа требаше да биде чист црвен картон за ривалот. Рашфорд остана сам со голманот, но беше фаулиран. Ова дефинитивно влијаеше на овој натпревар. Не само на овој меч, туку и на следниот кој ќе го играме. Судиите не смеат да прават вакви грешки, – порача Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни