Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Случајот со Рашфорд е затворен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг се обиде да го сокрие скандалот кој го режираше Маркус Рашфорд пред натпреварот со Њупорт во ФА Купот, па Холанѓанецот се чини дека е најблаго настроен кон англискиот репрезентативец кој доби жестоки критики за своето непрофесионално однесување.

Манчестер Јунајтед излезе со кратко соопштение за направената истрага за лажната изјава која ја даде напаѓачот, кој според информациите на англиските таблоди, ќе мине со казна од 650 илјади фунти поради пијанството и лошата слика која ја остави за клубот во Белфаст.

Рашфорд пријавил болест утрото кога бил мамурен од лудата ноќ која ја минал во Белфаст, па откако за ова дозна цела јавност на Островот, беше неминовно дека тој ќе се најде на „ѕидот на срамот“ во Манчестер.

Во цела оваа ситуација, добра вест за Рашфорд е што менаџерот Тен Хаг не го применува истиот рецепт како за Џејдон Санчо, што може да се заклучи и од мирната изјава која ја даде на денешниот прес пред натпреварот со Вулверхемптон.

– Маркус презема одговорност за тоа што го направи, а се останато е интерна работа и нема да зборувам за тоа. Случајот е затворен од наша страна, продолжуваме понатаму. Дали покажа непочитување? Нема ништо од такво нешто. Клубот испрати јасно соопштение на оваа тема и ние сме насочени кон фудбалските нешта. Нашиот фокус е да победуваме на фудбалски натпревари, – изјави Тен Хаг кој потврдил дека Рашфорд ќе конкурира за настап на утрешниот меч со „волците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни