Англија
Тен Хаг се пожали по победата на Јунајтед: Добиваме нефер третман од Премиер лигата
По двата порази во низа, Манчестер Јунајтед беше приморан да триумфира и денеска се врати на победничките патеки, славејќи на гостувањето кај Саутемптон со 0:3.
Ерик Тен Хаг конечно имаше едно помирно саботно попладне во Премиер лигата и се израдува на уверлива победа на неговиот тим, но дури и во такви услови, Холанѓанецот не пропушти шанса да се пожали за третманот кој го добива великан како Манчестер Јунајтед.
Од вкупно четири меча досега, Јунајтед на два играше во раниот англиски термин од 12:30 часот и еднаш во најдоцниот во сабота, а Тен Хаг смета дека тоа е некоректно кон клубот кој најмногу ги полни трибините и како домаќин, и како гостин.
– Мислам дека нашите фанови добиваат нефер третман. Игравме во најдоцниот термин во сабота, а двапати во 12:30 часот истиот ден. Тоа не е во ред, се случи на три од вкупно четири меча.
– И покрај се, навивачите секогаш се тука за нас и посебно сум горд на нив. Што и да се случи на теренот, тие секогаш не поддржуваат и има многу добра конекција меѓу фан базата и играчите. Навивачите носат неверојатна атмосфера на „Олд Трафорд“, но и на гостинските стадиони. Премиер лигата треба да обрне внимание на ова, мислам дека заслужуваме пофер третман, – се пожали Тен Хаг.
-
Свет13 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Свет5 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации15 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
Италија15 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации10 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ за Синер: Една работа ме потсетува на мене…