Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг сака уште две засилувања до крајот на преодниот рок

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг сака неговиот клуб да ангажира уште две засилувања до крајот на овој летен преоден рок.

Премиерлигашот доведе неколку нови имиња, меѓутоа Тен Хаг бара дополнителна реакција од управата во последната седмица од овој трансфер прозорец.

Според „Манчестер Ивнинг Њуз“ првото име ќе биде голманот Алтај Бејиндир кој ќе пристигне од Фенербахче за сума од 5 милиони евра.

Вториот приоритет е да се доведе нов лев бек по повредата на Шо и отсуството на Маласија. Тоа е позиција која во моментов е критична, па тројца шпански интернационалци се на листата на потенцијални засилувања.

Тоа е Маркос Алонсо од Барселона, Марк Кукуреља од Челси и Серхио Регилјон од Тотенем.

Јунајтед исто посакуваше фудбалер од средината на теренот, долго се споменува Софијан Амрабат, се говори и за Рајан Гравенберх, ама прашање е дали ќе има простор да се реализира и ваква операција до крајот на актуелниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни