Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг призна дека направил погрешна проценка: Очигледно ни треба нов напаѓач

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг и Манчестер Јунајтед се подготвуваат за денешното гостување кај Борнмут, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ признал дека стручниот штаб и клубот погрешиле со проценката во однос на покриеноста на напаѓачките позиции.

Послабата форма на Маркус Рашфорд, повредите на Антони Марсијал и периодот на адаптација за Расмус Хојлунд направија Јунајтед да не ги исполни стандардите во офанзивниот дел и влијаеја на генералниот ефект на екипата сезонава.

Тен Хаг сега признава дека Јунајтед мора да се засили со напаѓач, иако уште не знае дали и натаму ќе биде менаџер на екипата.

– Според планот кој што го направивме, требаше да постигнеме доволно голови.

– Сметате на головите на Рашфорд, минатата сезона постигна 30. Сметате на голови на Марсијал, во мојата прва сезона тој одигра добро, а имаше и позитивно влијание на голем број важни натпревари. А, потоа доведовме и голгетер како Хојлунд, па според тоа требаше да имаме доволно голови.

– Но, очигледно ни се потребни повеќе опции, мора да имаме по двајца играчи за секоја позиција. На некои позиции сезонава немавме можност да бираме, посебно во нападот и на позицијата лев бек, а тоа се одрази негативно на резултатите, рекол Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни