Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг втора сезона е на клупата на Манчестер Јунајтед, неговата екипа и натаму игра променливо и не успева да игра константно на посакуваното ниво на повеќе фронтови, но менаџерот засега не ја губи довербата на актуелното раководство на премиерлигашот.

Во последното интервју за фанзинот „Јунајтед ви стенд“, холандскиот стручњак открил дека неговите пријатели го убедувале да не ја прифаќа понудата на Јунајтед, знаејќи дека го очекува навистина тежок предизвик.

– Сите ми велеа: Не можеш да успееш на таа работа.

– Ми порачуваа дека е невозможна мисија, но јас дефинитивно го сакав предизвикот.

– Знаев дека нема да биде лесно, но сепак се работи за голем клуб со голема база на фанови. Луѓето или го сакаат или го мразат Јунајтед, а јас сакам да работам во вакви клубови. Истото беше и во Ајакс, – вели Тен Хаг.

Јунајтед освои трофеј во Лига купот уште во првата сезона на Тен Хаг, но неговата екипа и натаму е далеку од борбата за титулата во Премиер лигата, а во моментов е на последното место и во својата група во Лигата на шампионите.

Фановите очајно посакуваат враќање на успесите од ерата на Алекс Фергусон, а Холанѓанецот е шестиот стручњак кој го прифати овој предизвик во последните десет години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни