Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Причината за слабите настапи на Антони е многу едноставна

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед викендов им се враќа на обврските во Премиер лигата, а противник ќе биде незгодниот Тотенхем, кој сезонава има слични амбиции како тимот од „Олд Трафорд“.

Менаџерот Ерик тен Хаг зборувал на различни теми поврзани со својот тим и противникот, а новинарите побарале негов став околу лошата форма на Антони, кој заработи многу критики и од стручните коментатори и поранешните играчи на „црвените ѓаволи“.

– Мислам дека објаснувањето е едноставно, неговите проблеми надвор од теренот (обвинение за семејно насилство) му влијаеја на настапите.

– Првата сезона беше добар, во претсезоната беше ок, првите четири натпревари ги одигра добро, но откако ја направи таа принудна пауза не успеа да ги повтори перформансите.

– Ако погледнам наназад во периодот кога беше во Ајакс, неговото финиширање беше на повисоко ниво и ефектот исто така беше подобар. Премиер лигата е потешко првенство, но сметам дека е способен да се врати на препознатливото и посакуваното ниво.

– Случувањата во приватниот живот му делуваа негативно, ја има нашата максимална поддршка, но секому е јасно дека мора подобро на теренот, – изјавил Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни