Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг пред дербито на „Олд Трафорд“: Некои натпревари се поголеми од останатите

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед е домаќин на Ливерпул во четвртфиналната рунда во ФА Куп, натпревар кој е закажан за в недела од 16:30 часот.

Ова е дерби во оваа фаза, меч меѓу два великани и тоа многу добро го знае предводникот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг.

-Некои натпревари се поголеми од другите. Јунајтед против Ливерпул отсекогаш бил голем натпревар, особено ако се работи за четвртфинале од ФА Купот. Со нетрпение го очекуваме. Навивачите сакаат да победиме, знаеме дека ќе има повеќе навивачи на Ливерпул бидејќи тоа е куп натпревар, па нашите навивачи ќе мора да бидат погласни. Ако сакаме да победиме, ќе мора да одиграме најдобро што можеме, -рече Холанѓанецот кој го пофали противникот.

-Тие се многу константни. Играат добар фудбал, имаат одлична игра и многу добри резултати. Тешко е да се каже кој е фаворит. Никогаш не размислувам за тоа. Почнуваме од нула. Подготвени сме и не размислувам за противникот. Ги почитувам како и сите други. Ги знаеме нивните силни страни, но и каде се нивните слабости. Недела е уште една добра можност да ја кренеме формата. Од јануари само покажавме дека можеме да играме добро и забележавме многу победи. Го чувствуваме тој моментум. Имаме верба, самодоверба и добар тимски дух, -додаде Тен Хаг кој ќе ги има на располагање и Хојлунд, Мегваер и Ван Бисака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни