Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг по поразот од Ливерпул: Јас не сум Хари Потер

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и го зголеми притисокот врз менаџерот Ерик тен Хаг во пресрет на паузата за настап на репрезентациите.

„Црвените ѓаволи“ останаа на само една победа по три кола, а Тен Хаг повторно бара трпение и влегол во расправија со новинарите кои очигледно го испровоцирале со своите прашања, потенцирајќи го неуспехот против големиот ривал.

– Јас не сум Хари Потер и мислам дека треба да бидете свесни за тоа.

– Денеска на теренот имавме тројца фудбалери за кои ова беше прв натпревар сезона.

– Тука е и Угарте кој нема одиграно минута, треба да работи на фитнес подготовката, а дури потоа да го вклопиме во тимот. Процесот можеби ќе трае и еден месец, но сигурен сум дека ќе му помогне на тимот со своите квалитети, – рекол Тен Хаг.

Холанѓанецот го смени Касемиро на полувремето, а по мечот демантирал дека Бразилецот го напуштил стадионот на паузата.

– Не е точно дека си заминал, се сретнавме во соблекувалната по натпреварот, – посочил менаџерот на Јунајтед.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни