Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг по 50 натпревари во Јунајтед: Подобри бројки од претходниците и ривалските менаџери во ПЛ

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг мора да се соочува со секојдневни критики во однос на игрите и резултатите на Манчестер Јунајтед под негово водство, но статистиката вели дека тој постигнува солидни резултати во однос на своите претходници, па и менаџерите на ривалските екипи.

„Би-Би-Си“ објави статистика по 50-тиот натпревар на Тен Хаг на клупата на Јунајтед, односно минималната победа над Лутон, а според истата, Холанѓанецот е најуспешен менаџер во ерата по Алекс Фергусон.

Тен Хаг освоил 96 бодови во Премиер лигата на 50 натпревари како менаџер, со што зад себе барем за еден бод го остави Жозе Мурињо, додека Луи ван Гал го одвел Јунајтед до 94 бода во истиот период. Подалеку зад нив е Оле Гунар Солскјер со 85 освоени бодови по првите 50 лигашки средби.

Холандскиот менаџер стои одлично и во однос на колегите од типот на Јирген Клоп и Микел Артета.

Со овие 96 бодови, Тен Хаг има четири повеќе од Клоп и неговиот ефект по првите 50 натпревари на клупата на Ливерпул, додека Артета стигнал до 75 бодови во Арсенал. Над оваа тројка е Пеп Гвардиола, кој на првите 50 средби во ПЛ обезбеди 112 бодови за екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни