Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Планот добро функционираше…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Манчестер Сити од 3-1 во градското дерби во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ беа во подредена улога во најголемиот дел од натпреварот, средба во која упатија само еден директен удар во рамките на голот на Едерсон и тоа оној на Рашфорд кој заврши во мрежата на Бразилецот.

Меѓутоа и покрај резултатот, доминацијата на противникот, предводникот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг смета дека добро стоеле на теренот, па дека дури и во некоја друга прилика би можеле и да слават во ваков натпревар.

-Имавме двајца играчи на теренот кои не беа 100 проценти[фит]. Џони Еванс и Маркус Рашфорд, но тие дадоа се како целиот тим и ние сме разочарани од резултатот.

-Апсолутно се бореа, заедништвото и настапот беше многу добар. Во друг ден можевме да го добиеме овој натпревар – мала разлика. Посебно Рашфорд имаше неколку добри прилики да постигне уште еден гол, а Алехандро Гарначо во моменти [имаше можности]. Мислам дека планот одеше добро, многу мали маргини, така што сите заслуги се за Манчестер Сити и колку конзистентно можат да играат, -рече Тен Хаг кој порача дека тие како екипа ќе целат кон петтото место кое може да им обезбеди ЛШ во следната сезона.

-Оваа година навистина напредуваме и мора да вратите неколку поени. Секој може да победи секого и работите можат брзо да се свртат. Бројот пет [петтата позиција во лигата] исто така може да биде позиција за Лигата на шампионите, па мораме да се бориме за тоа, -порача Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни