Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг пикирал холандско крило по шокантниот расплет со Санчо и Антони

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Иднините на Џејдон Санчо и Антони се неизвесни во Манчестер Јунајтед во овој момент, а тоа може да направи да видиме неочекуван потег од страна на клубот во ситуација кога истече летниот трансфер период.

Санчо влезе во „војна“ со Ерик Тен Хаг и засега непознато е какво решение ќе има од целата ситуација, додека Антони привремено е „замрзнат“ поради обвиненијата кои ги доби за физичко насилство врз неговата поранешна партнерка.

Овие две ситуации го оставаат Тен Хаг без доволно голем избор за крилните позици, па „Дејли мејл“ открива дека клубот веќе контактирал еден слободен агент за да ја „опипа“ ситуацијата за трансфер.

Познатиот медиум известува дека Манчестер Јунајтед го пикирал Анвар Ел Гази, брзоногото холандско крило кое пред една недела го прекина договорот со ПСВ и стана слободен агент.

Клубот разгледува ваква опција за да се зголеми ротацијата на Тен Хаг по неочекуваниот расплет на стартот на новата сезона, а според претпоставките, ангажманот на Ел Гази нема да биде никаков проблем, бидејќи тој веќе е познат во англискиот фудбал како поранешен играч на Астон Вила.

Анвар е познат на англиските фанови по времето кое го мина во Бирмингем, каде на 119 натпревари забележа 26 гола и 16 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни