Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг пикирал десен бек од бундеслигашки тим за Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Следниот преоден рок ќе биде одлична можност за Ерик тен Хаг да доведе уште неколку фудбалери по свој избор во Манчестер Јунајтед, а на неговиот список е бундеслигашки бек.

Германски „Скај“ тврди дека Тен Хаг веќе подолг период внимателно ги следи настапите на Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен и тој ќе биде негов приоритет во летниот преоден рок.

Десниот бек на Баер има одлична сезона во која постигна 8 гола и додели 9 асистенции, притоа изборувајќи место и во холандската репрезентација на СП во Катар.

Фримпонг ја почна кариерата во Манчестер Сити, но во потрага по минутажа се пресели во Селтик во 2019 година.

Во редовите на Баер се пресели во 2021 година, а сега е еден од најважните играчи во тимот на Чаби Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни