Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Оваа генерација тешко се справува со критиките, сметаат…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг чека на нов предизвик во кариерата по епизодата која ја имаше во Манчестер Јунајтед која заврши со негов отказ во месец октомври.

Холанѓанецот имаше бурна епизода на „Олд Трафорд“, не му беше лесно да се справи со притисокот, очекувањата, па во неколку наврати влегуваше и во конфликт со играчите како Кристијано Роналдо, Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд. Тен Хаг важи за човек кој е доста директен, а тоа по се изгледа е проблем за новата генерација, модерните играчи за кои стратегот смета дека се многу поинакви од некое друго време кога е во прашање критиката.

-На оваа генерација обично и е тешко да се справи со критиките. Критиката навистина доаѓа до нив. Генерацијата во која пораснав имаше многу подебела кожа. Можеш да бидеш многу подиректен. Ми се обраќаа многу подиректно. Кога би го направил тоа со мојата сегашна група играчи, би ги демотивирал.

-Ако го направите тоа на сегашната генерација, тие го сметаат за навредливо, -истакнува некогашниот тренер на Ајакс, Утрехт, Баерн Минхен 2 и Го Ахед Иглс.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни