Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Ова беше најдобриот Јунајтед во оваа сезона

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Манчестер Јунајтед се избори за голем триумф над Ливерпул, триумф остварен по дополнителните 30 минути, триумф од 4-3 кој ги однесе во полуфиналето на ФА Купот каде на „Вембли“ ќе ги одмерат силите со Ковентир.

„Црвените ѓаволи“ двапати се враќаа од негатива, губеа со 2-1 и 3-2, но покажаа карактер, сила и водени од навивачите на „Олд Трафорд“ дојдоа до триумф со кој остануваат во игра за трофеј во актуелнава кампања.

Тренерот Ерик Тен Хаг гледа доста позитивни работи, а првите 35 минути од натпреварот според него се најдобрите кои негата екипа ги одиграла во натпреварувачката 2023/2024.

-Мислам дека првите 35 минути беа најдобри од Јунајтед во оваа сезона. Бевме навистина добри, делувавме како тим. Ама потоа се појавија празнини меѓу линиите, а тоа не смее да се случи против Ливерпул.

-Моравме да промениме некои работи во нашата игра. Ризикувавме, одевме еден на еден и играчите беа одлични – менталитетот, односот беше толку добар. Имаа силна верба во победата. Тргнавме по тоа и успеавме, -порача Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни