Поврзете се со нас

Лига Европа

Тен Хаг откри што им кажал на своите ѕвезди на полувреме и посебно испофали еден играч за кам-бекот

Објавено

на

Ерик Тен Хаг се спаси од нов срам во период од неколку дена, бидејќи после дебаклот од Манчестер Сити во дербито, Јунајтед имаше негатива и на гостувањето кај Омонија по 45 минути игра.

Ова го натера Холанѓанецот да прави брзи измени и уште на стартот на вториот дел во игра влегоа Рашфорд и Марсијал, со тоа што посебно пофалби за залагањето по мечот доби овој вториот.

Тен Хаг откри што им кажал на своите ѕвезди по разочарувачкото прво полувреме, но од друга страна, се радува на враќањето во форма на Марсијал кој беше најдобар играч на Јунајтед во пресезоната.

– На полувремето побарав од играчите да имаат повеќе спринтови, повеќе отворања во празно, да не бидат статични. Мора да ги тераме противниците да трчаат назад и затоа направив две измени. Овојпат замените имаа големо влијание на теренот.

– Марсијал покажа што може во пресезоната и беше големо разочарување што се повреди на стартот. Сега се врати и имаше големо влијание врз тимската игра и тоа се одрази на резултатот, – изјави Тен Хаг по победата од 2:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни