Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Андре Онана беше доведен од Манчестер Јунајтед како директна замена за Давид Де Хеа со кого не беше продолжена соработката или поточно менаџерот Ерик Тен Хаг сметаше дека Камерунецот подобро ќе се снајде во тоа што го бара од неговите играчи.

Меѓутоа Онана не се прослави во своите први месеци на „Олд Трафорд“, има огромни критики за него од јавноста, но и од навивачите, меѓутоа тренерот Тен Хаг има максимална доверба во голманот со кого своевремено соработуваше и во Ајакс.

Стратегот нема намера да направи никаква промена на тоа место, поточно Андре е неприкосновен за тренерот кој воедно тврди дека африканецот е втор најдобар голман во Премиерлигата.

-Ако добро го анализирате, тогаш ќе видите дека тој е втор најдобар голман во Премиер лигата врз основа на статистиката, според одбрани на очекувани голови тој е на второто место во лигата. Добро му оди, но знае дека во Лигата на шампионите направи некои грешки, но во првите пет месеци се снајде добро. И вие знаете. Затоа што видовте како реагира на лош настап како во Минхен кај Барнли беше извонреден. Тој е силен карактер, ќе се справи со тоа, -порача Холанѓанецот.

Јунајтед ова коло има тешко гостување кај Њукасл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни