Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг мораше да гледа како неговиот тим повторно потклекнува на едно тешко гостување во Премиер лигата, а во вториот дел Холанѓанецот во неколку наврати беше бесен на своите фудбалери.

Манчестер Јунајтед загуби од Њукасл со минимални 1:0 во натпревар во кој постојано беше во подредена ситуација, но иако Тен Хаг по мечот не сакаше да издвојува индивидуални грешки, новинарите не пропуштија да го запрашаат за малиот инцидент кој го имаше со Антони Марсијал.

Менаџерот беше незадоволен од својот напаѓач во вршењето пресинг и бесно му забележа за тоа, па по поразот мораше да објаснува зошто имал таков пристап кон Французинот.

– Тоа не е ништо лично кон Марсијал, тоа беше порака до целиот тим. Се обидов да им пренесам енергија на теренот, барав реакција од мојот тим.

– Минувавме низ тежок период во тој дел од мечот и сметав дека е потребно да ги освестам фудбалерите. Понекогаш ние тренерите сме малку повеќе агресивни од што е потребно, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни