Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг објаснил зошто Јунајтед не купи уште еден напаѓач

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Повредата на Расмус Хојлунд барем накратко го остави Манчестер Јунајтед без класичен напаѓач на располагање, а новинарите побарале објаснување од менаџерот Ерик тен Хаг зошто не ангажирал уште еден фудбалер на оваа позиција во летниот преоден рок.

„Црвените ѓаволи“ платија 72 милиони фунти за Хојлунд, но вчера стана јасно дека тој ќе отсуствува две-три недели, а од претходно повреден е и Антони Марсијал.

– Напаѓачките позиции се најтешки за пополнување.

– Минатата сезона Марсијал играше одлично за нас, го игравме најдобриот фудбал кога Антони беше на напаѓачката позиција. Тој исто така добива и голема плата, па за да доведеме друг фудбалер, тој мора да замине.

– Откако тој се повреди, сакав нов напаѓач во јануари, но Финансискиот фер плеј не ни дозволи таква опција. Летоска имаше и недостиг на квалитетни опции, така што задоволен сум што го доведовме Хојлунд кој е играч на нивото на Јунајтед, – изјавил Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни