Англија
Тен Хаг објасни зошто Јунајтед се мачи да изгради идентитет од стартот на сезоната

Манчестер Јунајтед игра очајно лошо и двата порази во низа на „Олд Трафорд“ донесоа многу негативни реакции од блиското опкружување на клубот, па се појавија и информации за можна тренерска смена на Ерик Тен Хаг.
Засега холандскиот стручњак е сигурен и се уште ужива доверба кај ракодството на клубот, но ако резултатите не се променат во блиска иднина, поранешниот тренер на Ајакс може да биде во крајно незавидна ситуација.
Втората сезона во клубот засега се покажува многу постресна и потешка од првата, а во ситуација кога медиумите почнаа да заклучуваат дека неговиот тим нема изградено јасен стил на игра, Тен Хаг се обиде да објасни дека има добра причина за тоа.
Менаџерот на Јунајтед се пожали на лошата среќа и честите промени кои ги прави во стартната постава, што според него прави тимот да нема стандардни почентни 11 и изграден идентитет до оваа фаза на сезоната.
– Не сакам да кажам дека немаме изградено стил на игра, сметам дека тоа се премногу остри зборови. Планот кој го имаме е јасен, сакаме да доминираме со топка, но имаме проблем со егзекуцијата на планот. Не ни помага тоа што мора да менуваме по неколку играчи за секој меч.
– Не можеме да извадиме иста стартна постава на два-три меча во низа. Секогаш мора да менуваме и тоа не ни помага. И минатата сезона беше исто, но тогаш менувавме по еден играч, сега најчесто отсуствуваат неколку играчи, а тоа особено важи за последната одбранбена линија. Секој натпревар мора да се адаптираме и да правиме нешто ново. Не сакам да зборувам за ова, бидејќи после испаѓа дека бараме оправдување или алиби. Мора да се адаптираме на секоја ситуација и да бидеме подобри. Мора да победуваме во секакви околности, сите знаеме какви барања има овој клуб, – вели Тен Хаг.
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 18 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 21 час
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 20 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 17 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 17 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)