Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Ниту еден тим немаше да се справи со ова низ што минавме ние

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг запиша 61 победа на првите 100 натпревари како менаџер на Манчестер Јунајтед и тоа е најдобар процент во историјата на клубот, податок кој по се изгледа нема да му донесе мирен крај на сезоната, по која големи се шансите да заработи и отказ.

Работата на Холанѓанецот не се цени премногу на „Олд Трафорд“ и легендите се почесто бараат негова смена, особено во ситуација кога наредната сезона ќе биде отпочнат нов проект со новиот косопственик на клубот, Сер Џим Ретклиф.

Јунајтед е далеку од местата кои водат во Лигата на шампионите и последниот пораз од Манчестер Сити ги остави „ѓаволите“ на 11 бода од Астон Вила, па во пресрет на натпреварот со Евертон, Тен Хаг се обиде да објасни зошто треба да се има повеќе разбирање за лошите и променливи резултати оваа сезона.

– 61 победа во првите 100 меча укажува на тоа дека сме на добар пат. Замислете што ќе беше ако имавме повеќе играчи на располагање, мислам на нашите играчи кои ги загубивме поради повреди ова сезона. Лесно можеа да бидат 75 победи и тоа ќе донесеше огромна разлика за нашата иднина. Кога се прави споредба со претходните тимови кои ги имаа други менаџери, може да се заклучи дека иднината овој тим е светла.

– Имаме добар баланс на возраста, има млади играчи, средно-возрасни играчи и ако сите ги имавме на располагање, ќе победевме на 75 од 100 меча. Ниту еден тим немаше да се справи со ова што го доживеавме ние. Ниту еден тим нема да се справи со толку многу повреди. Мислам дека го остваривме најдоброто со оглед на ресурсите кои ги имавме, ни недостасуваа голем број клучни играчи во текот на сезоната.

– Според мене, проектот оди во вистински правец, особено кога сме сите заедно на куп, кога сите играчи се фит. Добра вест е што Рашфорд и Еванс се опоравија од ударите на дербито со Сити и тие ќе можат да играат против Евертон. За следната недела, очекуваме враќање на уште неколку повредени играчи, – откри Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни