Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Никогаш не располагав со најдобриот тим на Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед денеска ќе биде голем фаворит против Ковентри во полуфиналето на ФА купот, а менаџерот Ерик тен Хаг знае дека фановите имаат големи очекувања во натпреварувањето каде екипата се уште има шанса да освои трофеј.

На вчерашната прес-конференција, холандскиот менаџер зборувал за критиките кои постојано ги добива и се поврзани со неубедливата сезона на Јунајтед, а во своја одбрана ги предочил проблемите со повреди.

– Не сум загрижен поради критиките.

– Она што ме загрижува е што во последните 18 месеци, ниту еднаш не располагав со најсилниот тим на Јунајтед. Постојано имаме повредени играчи.

– Само еднаш, против Сити на домашен терен минатата сезона, тоа беше единствениот пат кога можев да ги изберам најдобрите единаесет. На сите други натпревари моравме да се соочиме со повреди, знам дека и другите имаат ваков проблем, но не толку често како нас. Кога имате толку отсуства на клучните позиции, не можете да испорачате добри резултати, тоа е мојата вистина за послабите резултати, – рекол Тен Хаг.

Јунајтед денеска на „Вембли“ ќе брка финале во купот, а место во истото веќе обезбеди градскиот ривал Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни