Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг незадоволен од судиите: Повторно бевме оштетени за пенал, но веќе се навикнавме на такви одлуки (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг беше половично задоволен од она што го виде на „Олд Трафорд“ во дербито против Тотенхем, бидејќи неговиот тим постигна два одлични гола, но прими и два кои можеа да се спречат.

Конечниот резултат и ремито од 2:2 донесоа измешани импресии кај двајцата менаџери, а Тен Хаг не пропушти да нагласи дека неговиот тим повторно бил оштетен од судиска одлука на дуел против Тотенхем.

При резултат 1:1, Гарначо беше повлече од Удоги во шеснаесетникот и Аргентинецот бараше пенал, но ниту главниот судија, ниту оние во ВАР собата не се огласија за овој инцидент.

– Сметам дека повторно бевме оштетени во таа ситуација. Но, што можеме да направиме сега?

– За жал, веќе се навикнав на вакви ситуации, цела сезона ни се случува истото. На гостувањето кај Тотенхем беше слично, имаше чиста рака од Ромеро, веќе не можам ни да ги набројам работите кои беа досудени против нас. Се надевам дека во еден дел од сезоната ќе се сврти тркалото и дека ВАР ќе биде на наша страна. Да се надеваме дека ќе се случи тоа, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни