Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Немам време да се грижам за мојата позиција

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг не може да ги избегне медиумските најави дека нема да го води Манчестер Јунајтед следната сезона, но тој вели дека не е загрижен и нема време да се фокусира на оваа тема.

Новиот косопственик Џим Ретклиф и неговите соработници се уште не донеле конечна одлука за менаџерската функција, додека фудбалерите се обидуваат да изборат место кое води во Лигата на шампионите.

– Очекувано е кога работите во Манчестер Јунајтед дека секогаш ќе има „бучава“ наоколу.

– Секогаш ќе има шпекулации за менаџерот, за фудбалерите, за се што може да се шпекулира.

– Ние не се фокусираме на такви работи, се фокусираме на тоа да ги подобриме настапите и резултатите. Навистина не ми е грижа што се зборува наоколу, – рекол Тен Хаг.

За време на репрезентативната пауза Тен Хаг имал повеќе слободно време, па сигурно ги прочитал шпекулациите дека Манчестер Јунајтед сака да го ангажира англискиот селектор Герет Саутгејт и планира да го доведе целиот стручен штаб на националниот тим на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни