Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг не стравува од отказ: Постигнавме договор и стоиме зад тоа

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг се наоѓа под најголем притисок откако е менаџер на Манчестер Јунајтед и англските медиуми пишуваат за ултиматум кој му е поставен од водечките луѓе на клубот, а тоа се двата следните натпревари против Порто и Астон Вила.

Доколку тимот не ја подобри ужасната слика која ја остави на натпреварот против Тотенхем, Тен Хаг најверојатно ќе заработи отказ, но засега Холанаѓанецот останува максимално мирен и вели дека воопшто не стравува од такво сценарио.

Во ексклузивно интервју за „Скај Спортс“, Тен Хаг тврди дека тимот добро изреагирал на првиот тренинг по болниот пораз од Тотенхем, па верува дека заедно сплотени ќе излезат од оваа тешка недела.

– Не размислувам за можен отказ, не сум анксиозен и не сум нервозен околу тоа. Ние сме заедно во ова. Создадовме заедништво со раководството и лидерите на клубот во текот на летото. Постигнавме договор и стоиме зад тоа. Стратегијата е да им се дадат шанса на млади играчи во овој транзициски период.

– Раководните структури знаат дека мојот тим секогаш се бори за титули во месец мај, така беше случајот во сите претходни шест години во кои работев како тренер. И оваа сезона целиме на таков крај. Знам дека фановите се нетрпеливи, истото важи и за нас, но групата остана со добар дух. И покрај тешкиот удар кој го добивме во неделата, играчите покажуваат тимска хемија и изгледаат како да сакаат да се борат еден за друг. Имаме поддршка и од фановите, тие се позади нас од првиот ден кога сум тука, – вели Тен Хаг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни