Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Не сме среќни со формата на Рашфорд, но…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Маркус Рашфорд имаше супер изданија во дресот на Манчестер Јунајтед во минатата сезона, а во еден период дефинитивно беше и најдобар играч на својата позиција на светот.

Меѓутоа таа кампања и 32 постигнати голови се веќе зад нас, односно во актуелнава сезона е невидлив и наместо да биде лидер тој има постигнато само еден погодок во сите конкуренции.

Ваквите изданија донесоа критики за него и веќе и менаџерот Ерик Тен Хаг признава дека е загрижен проади формата, но во исто време тој е оптимист дека напаѓачот може за брзо време да се врати.

-Тој не е среќен. Не сме среќни. Има големи очекувања од себе. Во овој момент, не е во својата најдобра форма, но знам дека ќе се врати. Кога тимот игра подобро, тој ќе игра подобро, ќе дава голови, уверен сум во тоа, така да и оваа сезона ќе се подобри и ќе дава голови. Тој е целосно во тимот и свесен за се, ќе се врати на вистинскиот пат и тоа може да се случи многу брзо. Понекогаш ти треба само еден натпревар и сигурен сум дека ќе стигне до таму, -порача Тен Хаг кој исто смета дека Јунајтед може да направи пресврт и да ја сврти моменталната ситуација.

-Мислам дека честопати докажувавме дека можеме, како против Фулам, Брентфорд, овој тим може да надмине големи неуспеси. Всушност се работи за крајниот резултат и секогаш е за процес, размислување за него и потоа управување со процесот, на што се фокусирам, -заклучи Холанѓанецот.

Јунајтед овој викенд има меч со Лутон на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни