Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Не планирам да се збогувам со фановите на Јунајтед

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва ќе им се заблагодарат на фановите за поддршката во текот на сезоната, а овој потег е очекуван бидејќи на програмата е последниот натпревар на домашен терен.

„Црвените ѓаволи“ го пречекуваат Њукасл, фудбалерите и стручниот штаб ќе им отпоздрават на фановите, но менаџерот Ерик тен Хаг не смета дека има причина да се збогува со навивачите на Јунајтед.

Неговата иднина е неизвесна, медиумите шпекулираат дека ќе добие отказ, но тој не размислува на тој начин.

– Збогување? Не се чувствувам така и не гледам на работите во таа насока.

– На стадионите, дома и на гости, секогаш чувствував поддршка од фановите без разлика на постигнатите резултати, тоа се случува и на улица, иако можеби често се работи само за пристојност. Никогаш не сум добил негативна реакција, бидејќи фановите разбираат каде се наоѓаме, разбираат дека сме во период на транзиција и дека имавме проблеми на клучните позиции, – рекол Тен Хаг.

Холанѓанецот очигледно останува оптимист за својата позиција, но Јунајтед врза три натпревари без победа и во моментов е на осмото место, нешто што ако не се подобри, може да значи и најлош премиерлигашки пласман во историјата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни