Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг не планира офанзивни засилувања: Нашите играчи знаат да даваат голови

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Напаѓачката линија на Манчестер Јунајтед има слаб придонес во досегашниот тек во Премиер лигата, поточно офанзивците имаат дадено само еден гол.

Ова е учинокот кој заедно го имаат Рашфорд, Хојлунд, Марсијал, Гарначо и Антоно, но менаџерот Ерик Тен Хаг не е загрижен и е убеден дека тие ќе проработат, поточно не смета дека тој дел од тимот треба да биде засилен во зимскиот преоден рок.

-Нашите играчи се способни да постигнуваат голови. Тоа веќе го покажаа. Рашфорд минатата сезона постигна 30 гола, Расмус има постигнато пет гола во Лигата на шампионите.

-Не многу играчи низ Европа можат тоа да го постигнат. Нашите играчи се способни да постигнуваат голови и ќе дојде момент кога тоа ќе го постигнат. Како група, ние сме рангирани на петтото место во Премиер лигата за создавање шанси, така што играчите треба да се истапат и да се справат со притисоците, -порача Холанѓенцот.

Ривал на Јунајтед во оваа рунда во ПЛ е составот на Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни