Англија
Тен Хаг најави возбудлив трансфер пазар за Јунајтед: Има голема промена од пред една година, многу играчи сакаат да дојдат!

Ерик Тен Хаг беше важен за регрутацијата која ја направи Манчестер Јунајтед во текот на минатиот летен преоден рок, бидејќи Холанѓанецот беше тој кој предложи неколку фудбалери од холандското првенство, а впрочем одигра и клучна улога за нивно доведување.
Покрај Лисандро Мартинез и Антони од Ајакс, Тен Хаг го повлече на „Олд Трафорд“ и Маласија од Феенорд, па откако тимот одговори позитивно на неговите воведни аквизиции, очекувањата се Јунајтед да биде уште посилен следниов летен преоден рок.
Токму Тен Хаг смета дека стартната позиција на Манчестер пред ова лето е многу подобра од пред една година, бидејќи тимот изгледа многу посвежо, а Лигата на шампионите треба преговорите да ги направи уште полесни со потенцијалните засилувања.
– Сега гледам многу голема разлика во споредба со тоа што се случуваше пред една година. Минатата година, имаше многу фудбалери кои гледаа со резерва на Јунајтед. Кога зборував со нив, се гледаше резерва во нивните размислувања.
– Сега е поинаку, многу играчи гледаат што се случи кај нас, гледаат каква е динамиката и каков е проектот на клубот. Квалитетот е подобар и има многу играчи кои сакаат да дојдат кај нас, веќе го забележав тоа. Оваа година, многу квалитетни играчи навистина сакаат да дојдат кај нас и да ни се приклучат. Моравме да направиме реконструкција и продолжуваме по тој пат. Ние сме на вистинскиот пат, но мора да продолжиме да напредуваме. Освоивме еден трофеј, ќе се бориме за уште еден, но мора да останеме и во топ четири, тоа е задолжително, – вели Тен Хаг.
-
Балканпред 12 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 16 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 21 час
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 3 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 16 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот
-
Шпанијапред 4 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)