Поврзете се со нас

Лига Европа

Тен Хаг: Мораме да бидеме најдобри, инаку немаме шанси

Објавено

на

Манчестер Јунајтед имаше добар настап против Барселона на „Камп Ноу“ и воден од таа енергија, самодоверба ќе сака да се докаже на домашен терен и да ги исфрли каталонците од Лига Европа.

Средбата на „Олд Трафорд“ почнува со 0-0, односно ниту една од екипите нема почетна предност со оглед на тоа што минатата седмица беше 2-2 во Шпанија, а по новите правила веќе не се важат, не даваат предност головите дадени на гостински терен. Во таброт на премиерлигашот се оптимисти и веруваат дека можат да ја совладаат Барса која ќе настапи без тројца стандардни првотимци Педри, Гави и Дембеле.

Меѓутоа тренерот Ерик Тен Хаг ги предупреди неговите избраници дека ќе мораат да одиграат најдобро што знаат и умеат ако сакаат да ја остварат посакуваната цел.

-Кога играте против толку добар тим како Барселона, мора да го играте најдоброто што можете. Во спротивно немате шанси, -истакна Тен Хаг.

Средбата се игра од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни