Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Луѓето треба да ми веруваат за случајот „Рашфорд“

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед денеска ќе го започне настапот во новата сезона на Лига Европа, а менаџерот Ерик тен Хаг се надева дека „црвените ѓаволи“ ќе обезбедат победа во дуелот со неговиот поранешен клуб Твенте.

На вчерашната прес-конференција, новинарите повторно ја актуелизирале темата Маркус Рашфорд, односно неочекуваниот потег на Тен Хаг да го остави напаѓачот на клупата на дуелот со Кристал Палас, а откако англискиот репрезентативец конечно влезе во гол серија.

Џејми Реднап како стручен коментатор потенцирал дека мора да има причина за потегот на менаџерот, а Тен Хаг бил критикуван и од Гери Линекер и Алан Ширер за оваа одлука, додека менаџерот и натаму се брани објаснувајќи дека мора да прави ротации во составот.

– Не ги разбирам критиките, луѓето не смеат да излегуваат со вакви шпекулации.

– Ако давам некакво објаснување, треба да се верува на мојот збор, се друго е некоректно и неисправно, – изјавил Тен Хаг.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни