Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг ќе ризикува со Бруно и Касемиро: Мора да играме со најсилен тим

Објавено

на

Ерик тен Хаг не сака да го потцени противникот Бетис и најави дека ќе избере најсилен состав за ова гостување во Лига Европа.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед е свесен за ризиците поврзани пред се со можните суспензии на Касемиро и Бруно Фернандеш, но најави состав кој според него најдобро ќе се спротивстави на шпанскиот клуб.

– Мора да се однесуваме сериозно, Јунајтед и овојпат ќе игра со најдобрите фудбалери.

– Знаеме што може противникот, имаат добри фудбалери и сигурно ќе се обидат да го искористат тоа.

– Касемиро и Бруно ќе играат, мора да се спротивставиме со најдобар тим, – вели Тен Хаг.

Јунајтед на првата средба од осминафиналето победи со 4:1, а менаџерот покрај на повредениот Гарначо,  нема да смета на Антони, кој поради болест не е во комбинација за денешниот дуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни