Англија
Тен Хаг ќе мора да одработи суспензија поради новото правило во Премиер лигата: Ми дојде преку глава

Манчестер Јунајтед не брилјираше против Лутон и повторно имаше проблеми со реализацијата во нападот, па во таква ситуација повторно спасител беше играч кој не е дел од офанзивата.
Виктор Линделоф овојпат беше јунак за „црвените ѓаволи“ и постигна гол кој беше доволен за минимална победа од 1:0, што всушност прави Јунајтед да има навистина добра серија во Премиер лигата.
Манчестер освои 12 бода на последните пет меча во домашното првенство и продолжи да се доближува до врвот, но покрај реализацијата, црна дамка од натпреварот на „Олд Трафорд“ беше и судиската опомена која ја доби Ерик Тен Хаг.
Холанѓанецот по трет пат оваа сезона доби жолт картон, што според новите правила во Премиер лигата значи дека ќе мора да одлежи суспензија од еден меч, а тоа е оној против Евертон по репрезентативната пауза.
– Добив жолт картон поради протестирање. Протестирав за одлука која беше погрешна. Се работеше за аут, но беше многу очигледна ситуација. Но, тоа беше втора таква грешка на мечот и ми дојде преку глава.
– Нема да бидам блиску до тимот на следниот меч, но имаме компетентен стручен штаб и сигурен сум дека добро ќе ме заменат. До одреден момент ќе бидам инволвиран и на тој меч, но верувам во моите колеги, тие се компетентни да ме заменат, – изјави Тен Хаг.
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума