Поврзете се со нас

Лига Европа

Тен Хаг излезе со прва изјава за тешката повреда која ја заработи Мартинез (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед имаше кошмарен крај на четвртфиналето против Севилја, бидејќи во завршницата прими два гола, но остана и без Лисандро Мартинез кој по се изгледа, заработи повреда која ќе го оддалечи од терените со месеци.

Популарниот Лича не можеше да згазне со своја тежина и првите сигнали се дека станува збор за повреда на ахиловата тетива, што доколку се потврди, ќе значи дека Аргентинецот ќе биде во аут околу пет или шест месеци.

По ремито од 2:2, Ерик Тен Хаг призна дека повредата на Аргентинецот не изгледа воопшто добро, а подиректен беше Пол Сколс кој смета дека сезоната за Лича е завршена.

– Лича падна во момент кога немаше никој околу него и тие повреди се најлоши. Повредата не изгледа воопшто добро, ќе мора да почекаме за резултатите. Не би коментирал повеќе во моментов. Нема да коментирам ниту за Варан, тој се жалеше за таа повреда подолго време, а денеска не можеше да продолжи, – изјави Тен Хаг.

Мартинез беше изнесен од теренот од своите аргентински сонародници од Севилја, Акуња и Монтиел, но фактот што заврши на носилки му алудира на Сколс дека станува збор за најлошото.

– Знам дека никој од нас не сака да го прифати ова, но изгледа како да ја скина ахиловата тетива, тоа е многу тешка повреда. Ова е крај на сезоната за него, – изјавил Сколс за „Би-Ти Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни