Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг истакна зошто се радува за првиот гол на Вегхорст

Објавено

на

Манчестер Јунајтед беше убедлив на дуелот со Нотингем во Карабао купот, а својот прв гол во дресот на „црвените ѓаволи“ го постигна Вут Вегхорст.

Холандскиот репрезентативец дојде како засилување во актуелниот преоден рок, а менаџерот Ерик тен Хаг вели дека ги оправдува очекувањата.

– Многу е важно за него и неговата самодоверба што постигна гол.

– Заврши одлична работа со двоите движења и пресинг игра и на дуелите со Кристал Палас и Арсенал. Со своето движење имаше заслуги за голот на Бруно против Палас, а истото се случи и на дуелот со Арсенал и голот на Рашфорд.

– Но, јасно е дека напаѓачите сакаат да постигнуваат голови и во спротивно не се задоволни, – вели Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни