Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг испрати порака до Санчо по неговата преселба во Дортмунд

Објавено

на

foto:twitter.com/Sanchooo10

Џејдон Санчо неколку месеци беше „замрзнат“ во Манчестер Јунајтед и тоа откако имаше некои недоразбирања со тренерот Ерик Тен Хаг кој одлучи да не попушти и покрај тоа што офанзивецот беше потребен во доста ситуации во актуелната сезона.

Санчо не сакаше да се извини и на крајот се дојде до разделба, во моментов привремена затоа што играчот до крајот на кампањата ќе настапува како позајмен во редовите на Борусија Дортминд. Ова за Англичанецот ќе биде втор мандат во „милионерите“, а пред официјално да ја стартува оваа приказна (со натпревари) менаџерот на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг му испрати кратка порака.

-Се надевам ќе му оди добро, му посакувам многу среќа. Тоа е тоа. Се надевам дека му оди добро и ќе биде успешен, -порача Холанѓанецот.

Крилото има договор со премиерлигашот до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни