Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг испорача нова „отровна стрела“ до Јунајтед: Слот завршува во многу подобри води од мене

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг е прежален од англиската спортска јавност и покрај тоа што ја освои титулата во ФА Купот, па според медиумите од Островот, само прашање на време е кога Холанѓанецот ќе заработи отказ од Џим Ретклиф и новите директори.

Холандскиот стручњак говореше за можното заминување по триумфот од Манчестер Сити  и нагласи дека не е премногу загрижен за таков епилог, а тоа може да се „прочита“ и од изјавата која ја даде за новиот менаџер кој го избра Ливерпул.

Говорејќи за трансферот на Арне Слот во Премиер лигата, Тен Хаг не пропушти шанса да испрати нова „отровна стрела“ кон Манчестер Јунајтед, слична на онаа која ја испорача пред големото финале во ФА Купот.

Тен Хаг тогаш во експлозивно интервју посочи дека клубот бил во вистински хаос кога тој пристигнал на „Олд Трафорд“ и заклучи дека очекувањата на фановите и легендите се нереални, но исто така потсети дека Јунајтед не е оној вистинскиот од 2013-та година кога последен пат беше освоена титулата во Премиер лигата.

– Арне Слот и Ливерпул е многу добра комбинација за двете страни. Ова е одлична вест за холандските тренери, Арне Слот дефинитивно се совпаѓа со филозофијата која ја има Ливерпул. Исто така, неговата филозофија е слична со онаа на Клоп и Лијндерс. Тие му оставија фантастична база и работите треба да му бидат полесни.

– Тој завршува во многу подобри води за разлика од мене. Јас кога се префрлив од Холандија во Манчестер Јунајтед, клубот беше во хаос. Тука зборува за структурата на клубот, но и за балансот во тимот, – вели Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни