Англија
Тен Хаг искрено и брутално објасни зошто го извадил Касемиро на полувреме

Манчестер Јунајтед направи чудесен пресврт во судиското продолжение и на драматичен начин стигна до три бода против Брентфорд, нешто што изгледаше невозможно во регуларните 90 минути.
Јунајтед беше летаргичен и изгледаше доста јалово во нападот, но потоа Ерик Тен Хаг го погоди „џокерот“ и МекТоминеј со два гола се погрижи за страшна еуфорија и победа на „Олд Трафорд“.
„Ѓаволите“ се вратија на победничките патеки во домашното првенство и тоа е многу важно за самодовербата, но една од позначајните одлуки на Тен Хаг на оваа средба беше тоа што го извади Касемиро на полувреме.
Бразилецот кумуваше за голот на Брентфорд и ја подари топкта на противникот на средината на теренот, па кога Ерик беше запрашан зошто го оставил на клупа во продолжение, одговорот беше доста искрен и брутален.
– Зошто го извадив Касемиро? Сакав да играме повеќе со топка и да гледаме повеќе фудбал. Ми требаше квалитетен играч со пас и врска меѓу средината и нападот, затоа го внесов Ериксен на местото на Касемиро, – изјави Тен Хаг.
-
Германијапред 16 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ