Англија
Тен Хаг инсистира на уште еден напаѓач, прв фаворит е член на премиерлигашки ривал
Манчестер Јунајтед ќе го комплетира преодниот рок со уште неколку засилувања, а менаџерот Ерик тен Хаг инсистира на нов напаѓач.
Ова посебно по повредата на Расмус Хојлунд, кој ќе пропушти дел од новата сезона, по што „црвените ѓаволи“ повторно останаа без класична деветка и мора да комбинираат со Рашфорд, Санчо и останатите офанзивни крилни играчи.
Јунајтед ова лето го доведе и Џошуа Зиркзе од Болоња, но менаџерот стравува дека на холандскиот фудбалер ќе му биде потребно време за адаптација и не може да очекува веднаш да остави посакуван печат на теренот во новиот тим.
Тен Хаг во соработка со новиот менаџмент треба да избере класичен напаѓач за својот тим, а англиските медиуми тврдат дека во прв план е Еван Фергусон од редовите на Брајтон.
Младиот ирски фудбалер веќе покажа дека поседува сериозен потенцијал, а Јунајтед би требало да плати најмалку 50 милиони фунти за да го доведе ова лето.
За Фергусон се интересираат и други премиерлигашки клубови, но Јунајтед засега е најблиску до потписот на 19-годишниот фудбалер.
-
Италијапред 18 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 17 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 17 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 21 час
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 22 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 20 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 18 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 12 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………