Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Играчите се на моја страна, ние навистина се подобруваме!

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед утре го очекува тежок меч против Челси во Премиер лигата, меч пред кој не е добра атмосферата во екипата според информациите на медиумите на островот кои пренесоа дека менаџерот Ерик Тен Хаг почнува да ја губи соблекувалната што дефинитивно може да биде проблем.

Играта и резултатите во наредниов период ќе покажат дали е тоа навистина така, а во меѓувреме Тен Хаг порача дека фудбалерите се на негова страна, се согласуваат со неговите методи, но и дека тие напредуваат како тим.

-Секогаш ги слушам моите играчи и секогаш им давам можности да кажат, доколку играчите имаат поинакво мислење секако дека ќе слушам. Ама ми немаат кажано, можеби еден или двајца. Ама генерално се работи за мнозинството, тие сакаат да играат вака- проактивно, динамично, храбро, тоа е она што го сакаат.

-Можете да видите дека играчите стојат зад тоа поради настапите против Евертон и Галатасарај. Гледате дека навистина се подобруваме, -истакна Холанѓанецот и додаде:

-Ние сме на патување, на пат, знаеме дека сè уште сме во транзиција, но сме во вистинската насока, гледате како конструираме тим, го развиваме, тимот напредува, како доаѓаат млади играчи и гледате како потенцијал како тие можат да придонесат за многу успешен Манчестер Јунајтед во иднина, -заклучи предводникот на премиелригашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни