Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг: Гвардиола направи само една грешка во кариерата, тоа се случи во Манчестер Сити

Објавено

на

Ерик Тен Хаг е креаторот на сензационалниот Ајакс кој минатата година ја воодушеви фудбалска Европа, но допадливиот стил на игра, 50-годишниот Холанѓанец го градеше во друштво на Пеп Гвардиола.

Актуелниот тренер на Ајакс му беше помошник на Пеп во Баерн Минхен и самиот има признаено дека времето минато со Шпанецот го натерало да го промени неговиот поглед кон фудбалот, па како човек кој добро го познава Гвардиола, сега привлече големо внимание со изјавата која ја даде за „Дејли меил“.

Тен Хаг смета дека Гвардиола направил само една грешка во својата кариера, а тоа е првата сезона која ја одработи во Манчестер Сити, по што следуваше огромен успех и како лидер на „граѓаните“.

– Пеп само еднаш направи грешка во кариерата, а тоа е првата година во Манчестер Сити кога комплетно ја потцени силата, динамиката и брзината на Премиер лигата. Во првата сезона во која се мачеше, сфати дека не може да го применува својот стил без неколку физички силни атлети, па затоа купуваше. Тој не е тврдоглав тренер, тврдоглав е кога е во прашање филозофијата, но не и кога е во прашае егзекуцијата, – вели Тен Хаг.

– Сето тоа го прави најдобар, никој нема да може да го заборави Гвардиола, никој не може да заборави што направи за фудбалот. Освои толку многу трофеи, но најважно е како игра неговиот тим. Сака да победува со убав фудбал, исто како и неговиот ментор Јохан Кројф, – завршува Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни