Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг го прекина молкот и емотивно им се обрати на навивачите на Јунајтед: Ми беше згаснат сонот

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Поразот од Вест Хем ја прели чашата кај раководството на Манчестер Јунајтед, па и покрај тоа што во безброј наврати му беше изгласана доверба на Ерик Тен Хаг, овојпат Холанѓанецот доби отказ од водечките луѓе на клубот.

Тен Хаг ја заврши својата етапа на „Олд Трафорд“ со два освоени трофеи и отказното решение беше неминовно по ужасниот старт на сезоната, а неколку часа по официјалното соопштение кое го објави Јунајтед за неговиот наследник, Ерик реши исто така да го прекине молкот и да се огласи во јавноста.

Манчестер Јунајтед ова попладне го потврди Рубен Аморим како човек кој ќе го наследи „жешкото столче“, а Тен Хаг сега реши да испрати порака до сите навивачите на клубот ширум светот.

– Дозволете ми да започнам такашто ќе ви се заблагодарам. Ви благодариме што секогаш бевте тука за клубот. Без разлика дали тоа беше натпревар на некое далечно гостување или тежок натпревар на „Олд Трафорд“, вашата поддршка секогаш беше безрезервна. Атмосферата на „Олд Трафорд“ отсекогаш била наелектризирана, а тоа се случуваше благодарение на вас. Тоа го почувствував многу пати како тренер на тимот, но исто беше и гостинските натпревари. Добивав неверојатно чувство заедно со тимот, без разлика дали се играше во Англија, Европа, или на некоја летна турнеја.

– Отсекогаш уживав да се среќавам со навивачите на Манчестер Јунајтед ширум светот. Шетав по улиците и можев да разговарам со навивачите во Англија, Европа, Азија, Австралија, САД – ме инспириравте и секогаш зрачевте со силно чувство на единство. Тоа е она што ги прави навивачите на Јунајтед толку посебни.

– Сакам да ви се заблагодарам за сите овие чувства и за вашата поддршка. Исто така, сакам да му се заблагодарам на персоналот во секој оддел на клубот, за нивната непоколеблива поддршка во добрите и лошите времиња. Освоивме два трофеи – достигнувања кои ќе ги негувам до крајот на мојот живот. Секако, мојот сон беше да донесам повеќе трофеи во витрините, но за жал, на тој сон му дојде крајот. На сите навивачи на Манчестер Јунајтед им посакувам само успех, трофеи и слава. Вашата поддршка и топлината што ја добив од сите во клубот ми помогнаа да се чувствувам како дома. Ви благодарам за ова поглавје во мојот живот, – гласи соопштението на Тен Хаг испратено преку агенцијата која го претставува.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни