Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг го „поздрави“ Кин во живо, Рој се бранеше: Немој да бидеш толку суров (Видео)

Објавено

на

Ерик Тен Хаг го освои ФА Купот во натпревар кој според многумина беше последен за него како менаџер на Манчестер Јунајтед, па голем дел од експертите пробаа да му го всадат тоа во глава на Холанѓанецот по крајот на мечот.

Неговиот тим победи со 2:1 и ја заврши сезоната со освоен трофеј, а во редот на легенди кои имаа шанса да зборуваат со Холанѓанецот се најде и Рој Кин.

Ирецот во текот на сезоната употреби навистина доста тешки зборови за Тен Хаг и за неговите фудбалери, но интересно тој е еден од ретките кои сметаат дека Ерик сепак треба да добие уште една сезона како предводник на тимот.

Кин вчера имаше интересно соочување со Тен Хаг во импровизираното студио на теренот на „Вембли“, а Тен Хаг ги дочека своите минути и го „поздрави“ Кин за неговото претходно искуство како менаџер.

– Мора да си горд на играчите, ние секогаш ги доведувавме во прашање овие играчи и нивниот квалитет, зборрувавме за недостаток на карактер и лидерство. Овојпат покажаа карактер. Очигледно не треба да ги слушаш експертите, – му порача Кин на Тен Хаг, а овој возврати.

– Ти имаше проблем да менаџираш тим……., – возврати Ерик, по што Кин одговори.

– Го освоив Чемпионшип со Сандерленд, дај ми малку пофалба…… Немој да бидеш премногу суров кон мене….. Знам дека имаше сурови зборови од моја страна, – заврши Кин кој интересно оваа забелешка ја прифати со насмевка на лицето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни