Англија
Тен Хаг го испрати Санчо на трибините, па порача: Морав да пресечам
Џејдон Санчо се извини и ја поправи својата ситуација во Манчестер Јунајтед, но како што се ближи крајот на летниот преоден рок, така повторно се интензивираат гласините дека тој сепак нема да остане на „Олд Трафорд“.
Иако се избори за важна улога за време на пресезонските подготовки, Санчо доби само осум минути на дербито против Сити, а откако не одигра минута против Фулам, сега беше испратен на трибини на „Амекс стадионот“.
И покрај тоа што отпатува со тимот на гостувањето кај Брајтон, Санчо беше прецртаниот играч за ова попладневно гостување, па така Тен Хаг мораше да дава и кратко објаснување за својот потег пред натпреварот.
– Санчо е тука со нас на стадионот, но морав да пресечам и да донесам одлука. Имавме некои проблеми, тој останува дел од тимот, но мора да се бори за своето место.
– Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата од натпревар во натпревар, потребни ни се по двајца играчи на секоја позиција бидејќи оваа сезона ќе биде навистина долга, – изјави Тен Хаг.
Според експертите, Тен Хаг со овие потези само го брка Санчо од неговиот тим, па за очекување е Англичанецот да направи нов трансфер до крајот на овој месец.
-
Светпред 18 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Светпред 20 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 15 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
АТПпред 24 часа
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
Лига на шампионипред 23 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
Светпред 21 час
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Италијапред 18 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Италијапред 22 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо