Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг го брани изборот на играчи: Ме критикувавте за Маино и Гарначо, Антони ќе се врати на посакуваното ниво

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Денешната прес-конференција на Ерик тен Хаг донела интересни прашања и одговори на менаџерот на Манчестер Јунајтед, за кого се уште е неизвесно дали ќе биде предводник на екипата и следната сезона.

Дотогаш, Холанѓанецот се обидува да стигне до што подобри резултати со екипата, додека истовремено се соочува со неуспешните настапи и големиот број повредени играчи.

Денеска Тен Хаг коментирал и неколку фудбалери, односно неколку решенија за кои добиваше и критики, вклучувајќи го Антони како трансфер кој и натаму не ги исполнува очекувањата на фановите.

– Му дадов шанса на Коби Маино, а сега шест недели подоцна, истите луѓе на кои им пречеше, сега велат дека треба да настапува за англиската репрезентација.

– За Гарначо велеа „што прави менаџерот?“, а се случи истото. На момците им треба време.

– Сега ме критикувате за Омари Форсон, тој почна да игра и сигурно не му е лесно. Целиот тим не одигра најдобро против Фулам, но тој одигра коректно и покажа дека можеме да сметаме на него во иднина.

– Исто така, знаете дека го поддржувам Антони долго време. Ги знам неговите можности, го знам од минатото и тој е незапирлив, еден од најбрзите фудбалери во првите десет метри. Има добар карактер и сигурен сум дека ќе се врати во препознатливото светло, – рекол менаџерот на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни