Англија
Тен Хаг ги обвини противниците дека таргетирале еден играч на Јунајтед: Не ме чуди што се повреди

Бруно Фернандеш одигра важна улога во победата која ја оствари Манчестер Јунајтед кај Нотингем Форест, бидејќи тој беше асистент на клучниот гол кој го постигна Касемиро.
Јунајтед славеше со 0:1 и се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот, а во првите реакции по овој натпревар, Ерик Тен Хаг директно ги обвини противниците за прегрубата игра кон капитенот на неговиот тим.
Тен Хаг посочи дека играчите на Нотингем го таргетирале Бруно и му нанеле многу непријатни удари, поради кои Фернандеш на крајот го заврши мечот и со повреда.
– Не сакам да навлегувам во тоа од каков карактер е повредата, сами видовте дека играчите на Нотингем го таргетираа него. Не ме чуди што се повреди.
– Имаше безброј прекршоци врз него, можеби сум преостар, но добив впечаток дека ривалите му влегуваа цврсто при секој допир кој го имаше со топката, – изјавил Тен Хаг, па додал.
– Затоа, кога ќе видам дека некој го критикува Бруно, за мене тоа изгледа патетично. Тој играше со незгодна повреда во саботата, но сега повторно му се стави на располагање на тимот и одигра докрај. Игра со болки и се жртвува за тимот, тоа го правеше и лани и тоа е доволен доказ за лидерските капацитети кои ги поседува, – завршил Холанѓанецот.
-
НБА17 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија13 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција14 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Елмас го послушал Пандев: Ми кажа веднаш да потпишам за Торино