Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг добива засилување: Холандска легенда може да се врати во Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSV

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед треба да има интересно, бурно лето во кое се очекуваат промени во играчкиот кадар поточно менаџерот Ерик Тен Хаг да добие соодветни засилувања кои ќе му помогнат да цели високо во натпреварувачката 2024/2025.

Меѓутоа „црвените ѓаволи“ можат да добијат и звучно засилување во стручниот штаб, вистинска легенда на клубот и тоа во името на Руд Ван Нистелрој.

Руд своите најдобри години од кариерата ги мина на „Олд Трафорд“ каде ги освои сите титули во Англија, а беше и најдобар стрелец и играч на годинита во Премиер лигата.

Фабрицио Романо пренесува дека Ван Нистелрој е контактиран од Јунајтед кој сака тој да му биде значајна поддршка на менаџерот Тен Хаг.

Меѓутоа славниот голгетер има конретна понуда и од Барнли, да биде нивен предводник и останува да се види која ќе биде неговата одлука.

Досега има работено како асистент во холандскаат селекција, но и го има водено ПСВ, потоа втората екипа на овој клуб како и составот до 19 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни