Англија
Тен Хаг добива сериозно засилување во офанзивата: Ќе донесеме конечна одлука…

Како што стојат работите, Ерик Тен Хаг очигледно го води Манчестер Јунајтед во вистинска насока, па во клубот повеќе од било кога во последниве десет години веруваат дека може да се вратат на победничките патеки.
Холандскиот стратег освен што добро го организира тимот на тактички и физички план, одлично се носи и со проблемите кои ги имаат фудбалерите како индивидуалци, па досега успеа да го извлече најдоброто од Маркус Рашфорд, Антони Марсијал, Лук Шо и Фред, играчи кои беа видени како заминуваат од клубот поради нивните слаби настапи во минатото.
Сега, Тен Хаг, сосема успешно се соочува со уште еден предизвик, а тоа е слабата форма и лошата психофизичка состојба на Џејдон Санчо, фудбалерот кој барем досега не успеа да ги оправда очекувањата по неговиот повеќемилионски трансфер од Борусија Дортмунд пред една и пол година.
Санчо веќе извесен период тренира одвоено под посебна програма од Тен Хаг, кој очигледно сега е задоволен од напредокот на играчот, па веројанто ќе му даде шанса за настап уште на утрешниот натпревар против Рединг во рамките од четвртото коло од ФА Купот.
– Тој тренира со тимот, ќе видиме што ќе биде, има голем напредок, ги прави неопходните чекори кои ги зацртавме, а ние ќе донесеме одлука дали ќе игра против Рединг по последниот тренинг.
– Веќе реков дека е на пат да се врати во тимот, треба само да процениме кога ќе биде подготвен да се врати и на натпреварите, -изјави Ерик Тен Хаг.
Доколку успее да ја „оживее“ неговата кариера како што тоа го стори и со другите играчи од клубот, Тен Хаг очигледно ќе добие супер засилување за офанзивата за вториот дел од сезоната.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……